Втора година по ред градот Кавадарци ќе биде центар на Купот на Македонија во кошарка. Турнирот ќе се игра од 16 – 18 февруари во во спортската сала „Јасмин“, соопшти Македонската кошаркарска федерација.
Првите осум пласирани екипи во ПЛМ по првиот дел од натпреварувањето (11. коло) ќе разигруваат меѓу себе по систем првопласирана екипа против последно пласирана екипа (1-8, 2-7, 3-6, 4-5) во рамки на четвртфиналните дуели.
Во полуфиналните дуели ќе вкрстат 1-4 и 2-3, па така победникот од дуелот помеѓу Работнички и Карпош Соколи во првото полуфинале ќе се пресмета со победникот од дуелот Куманово – Гостивар.Во второто полуфинале ќе се надигрува победникот од Блокотехна – АВ Охрид со победникот од МЗТ Скопје Аеродром и Фени Индустри.
Кај жените ќе разигруваат четирите прворангирани екипи по истиот систем. Бадел 1862 во првото полуфинале ќе се надигрува со Струга 2009 додека во второто полуфинале ќе се пресметаат Вардар и Пелистер за место во финалето.