сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Кошаркарското дерби во Аеродром за само 100 денари

Кошаркарското дерби во Аеродром за само 100 денари

Првиот полуфинален плејоф-меч од македонскиот кошаркарски шампионат меѓу екипите на МЗТ Скопје и Работнички е веќе закажан и тоа за в сабота (20.15 часот) на домашен терен. Од вчера во продажба се пуштени билетите за саботниот спектал во „Јане Сандански“ и тоа со цена од по 100 денари за сите блокови.

Влезниците веќе може да се купат преку интернет и тоа на www.karti.com.mk и www.mktickets.mk , како и преку продажните места на „МК Тикетс“ ширум државата.

На денот на натпреварот билетите ќе се продаваат и на билетарницата пред арената во населба Аеродром и тоа од 12 часот па сѐ до почетокот на мечот.