вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Костас Слукас доаѓа да игра пак за Жељко Обрадовиќ?

Костас Слукас доаѓа да игра пак за Жељко Обрадовиќ?

Костас Слукас беше меѓу најзаслужните за одличната сезона на Олимпијакос, но откако грчкиот тим не успеа да стигне до евролигашката круна, искусниот плејмејкер сега сериозно размислува да ги промени клупските бои.

Како една од најсериозните опции се споменува белрадски Партизан, чиј тренер Жељко Обрадовиќ има високо мислење за грчкиот ас, со кого заедно стигна до европска титула во Фенербахче.

За услугите на Слукас се интересираат и двата турски гиганти, Анадолу Ефес и Фенербахче, кои од финансиски аспект сигурно ќе испратат подобри понуди за грчкиот плејмејкер, но адут на Партизан во оваа трка е токму Обрадовиќ, кој лично ќе разговара со ветеранот за да го убеди да му се приклучи во Белград.