Благодарение на одличната игра во последната четвртина, Кожув направи пресврт и успеа да слави триумф над Гостивар со конечни 94-87.
Домашните водеа само во првиот период, а потоа вториот го добија гостите, како и третиот, па во последната четвртина заминаа со предност од седум поени разлика (на моменти имаа и 14).
Стартот на полседниот период не наговестуваше дека Кожув ќе има сили за победа, со оглед дека Гостивар ја држеше разликата, имаше и осум и девет поени предност во четвртиот период, но гевгеличани успеаја да се вратат особено по 79-84, кога направија серија и дојдоа до предност од три, па ја зголемија на четири, пет, па на седум. Интересно последниот период го доби Кожув со 33-19.
Долго време во финишот Гостивар беше без поени, а домашните направија серија од 6-0, по која немаше повеќе враќање за гостите.
Гостиварци немаа решение за Гордон кон уфрли 38 поени. Вучковиќ кај Гостивар беше најефикасен со 21 поен.