Аргентинскиот кошаркар Николас Лапровитола, потпиша договор со клубот до 2026 година.Должината на договорот е вистинско изненадување, бидејќи кога ќе му заврши истиот, Лапорвитола ќе има 36 години.
Овој кошаркар во Барселона пристигна од Реал Мадрид, претходно играше за Хувентуд од Бадалона. Минатата сезона имаше просек од 9,5 поени по натпревар во Ендеса лигата.
Барселона откако не успеа да ја освои титулата во домашното првенство и во Евролигата, реши да направи реконструкција на тимот. Досега се засили со Томаш Саторански, Јан Весели, Никола Калиниќ и Оскар Да Силва.