сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Леброн Џејмс не мора на операција

Леброн Џејмс не мора на операција

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс нема да мора да оди на операција, но поради повреда на стапалото ќе отсуствува од терените уште најмалку две недели.Џејмс се повреди на НБА натпреварот против Далас кој заврши со победа на Лејкерси со 111:108.

Лејкерси во еден момент од тој натпревар имаа минус од 27 поени, но на крајот успеаја да победат. Како што соопштија од клубот, постои шанса Џејмс да заигра за околу две недели, доколку заздравувањето оди според планот, додека за десетина дена да почне да тренира.

Најдобриот кошаркар на Лејкерс сезонава има просек од 29,5 поени и 8,4 скока и 6,9 асистенции по меч.