среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Леброн Џејмс сака да игра на ЛОИ во Париз

Леброн Џејмс сака да игра на ЛОИ во Париз

Кошаркарската репрезентација на САД следното лето на олимпискиот турнир во Париз би можела да претставува вистински „дрим-тим“ полн со најголемите американски ѕвезди од НБА-лигата.

Легендата Леброн Џејмс, кој следното лето ќе има 39 години и 11 години не играл за репрезентацијата, најави дека сака да игра на ЛОИ во Париз и ги повика и другите суперѕвезди да му се приклучат и да освојат злато. Џејмс во 2004 година освои бронза, а во 2008 и 2012 се закити со злато.

Леброн веќе разговарал со Стеф Кари, Кевин Дурант, Ентони Дејвис, Џејсон Тејтум и Дрејмонд Грин на оваа тема, и наводно сите биле расположени да играат.