Прашањето кој е најдобар во историјата никогаш нема да добие конечен одговор, но легендата на Детроит Пистонс, Ајзеа Томас смета дека тоа е Леброн Џејмс.
Плејмејкерот кој во минатото бодеше жестоки битки против Мајкл Џордан застана на страната на „Кралот“, а вели дека и статистиката тоа го потврдува. Леброј Џејмс е на чекор до престигнување на легендарниот Карим Абдул-Џабар на врвот на листата по бројот на постигнати поени во НБА, а е и меѓу десетте играчи со најмногу асистенции, скокови, украдени топки, постигнати три поени…
„Џејмс е по мое мислење најдобриот играч кој некогаш играл кошарка. Статистиката тоа го потврдува. Во последните две децении не видовме никој друг толку доминантен, освен Карим Абдул-Џабар. Леброн има 20 годишна кариера која може да се спореди само со таа на Карим. Оваа сезона најверојатно и ќе го престигне на листата на стелци. Тој е во топ 10 по асистенции, а изгледа дека ќе го престигне и Меџик Џонсон“, вели Томас.