Еден од најдобрите кошаркари во историјата на овој спорт Леброн Џејмс е во НБА-лигата речиси 20 години, но нема намера да оди во пензија, иако многумина сметаа дека оваа ќе му биде последна сезона во најсилната кошаркарска лига.
Германскиот плејмејкер Денис Шрудер во разговор со медиумите кажа дека Леброн нема да се пензионира во брзо време, односно планира да игра до неговата 45-годишна возраст.
„Џејмс ми кажа дека ќе игра долго, односно од пет до седум години. Сака да ја заврши кариерата на 45-годишна возраст“, кажа германскиот кошаркар и ја изненади американската јавност.
Американецот е во НБА-лигата од 2003 година кога беше избран на драфтот.