петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Леброн Џејмс потпиша со Лејкерси 97 милиони за две години

Леброн Џејмс потпиша со Лејкерси 97 милиони за две години

Еден од најдобрите кошаркари во поновата историја во НБА лигата, Леброн Џејмс се договори за нов договор со ЛА Лејкерс, вреден 97 милиони долари за две години.

Договорот вклучува и опција и за трета година, односно сезоната 2024/25. Висината на договорот може да скокне на 111 милиони долари доколку се зголеми селери капот од 2023 година, објави новинарот на „ЕСПН“, Адријан Војнаровски.

Триесет и седумгодишниот Леброн минатата сезона имаше просек од 30,3 поени, 8,2 скока и 6,2 асистенции по натпревар, но неговите Лејкерси не успеаја да се пласираат во плејофот.