Кошаркарот на ЛА Лејкерс Леброн Џејмс го потврди својот статус на еден од најдобрите кошаркари на сите времиња откако на натпреварот против Голден Стејт стана играчот со најмногу постигнати поени во НБА лигата доколку се бројат регуларниот дел од сезоната и разигрувањето за титула.
Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс на првото место го помина Карим Абдул Џабар и сега има 44.157 постигнати поени.
За истото му беше потребно 1616 натпревари, што е 181 помалку од поранешната легенда на Лејкерс.
По испишаната историја Џејмс се огласи на својот Инстаграм профил каде напиша „без зборови“.