понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Леброн: Не ми е гајле што зборуваат за Лејкерси, сега е најдобриот период во мојот живот

Леброн: Не ми е гајле што зборуваат за Лејкерси, сега е најдобриот период во мојот живот

Најдобриот кошаркар на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс вели дека не му е грижа за критиките упатени кон неговиот тим.

Тој го сподели своето мислење по победата над Кливленд оставрена ноќеска на гостински терен со 131:120.

– Сè што ќе кажат за Лејкерси не ми е важно. Уживам да играм кошарка. Штом ја напуштам арената, сè останува таму. Навистина го поминувам најдоброто време во мојот живот во моментов. Работам на решение на проблемот, сите работиме на тоа. Тоа е сè што е важно, изјави Џејмс, за „ESPN“.

Триесет и седумгодишниот играч направи трипл-дабл со 38 поени 11 скокови и 12 асистенции во победата над Кливленд.

Лејкерси се деветти во Западната конференција од НБА-лигата со 31 победа и 41 пораз.