четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Леброн: Никогаш повеќе нема да дозволам моjот тим да го пропушти плејофот

Леброн: Никогаш повеќе нема да дозволам моjот тим да го пропушти плејофот

Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс вети дека никогаш повеќе нема да го пропушти НБА плејофот.

– Способен сум да го исполнам ова мое ветување. Нема да дозволам мојот тим повторно да го пропуштат плејофот во НБА. Ова многу боли. Сега ми преостанува да продолжам да ги гледам натпреварите во разигрувањето за шампионскиот трофеј, изјави Џејмс.

Триесет и седумгодишниот кошаркар не успеа да ги одведе Кливленд Кавалирс во плејофот во неговата дебитантска сезона, а потоа го пропушти плејофот двапати откако им се приклучи на Лејкерси, во 2019 и 2022 година.

Леброн Џејмс е еден од најдобрите играчи во историјата на најсилната кошаркарска лига на светот – НБА.