понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Леброн: Новицки е најдобрио кошаркар во историјата надвор од САД

Леброн: Новицки е најдобрио кошаркар во историјата надвор од САД

По поразот од Далас Маверикс кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс му оддаде почит на кариерата на Дирк Новицки. Пред натпреварот, Маверикси одржаа церемонија на која беше претставен статуата на Новицки пред „Американ Ерлајнс Центар“. Леброн вели дека според него Дирк Новицки е најдобриот неамерикански кошаркар во историјата.

„Не можеше да му ставиш помал играч затоа што беше преголем, но не можеше да ставиш ниту повисок играч, затоа што имаше многу брз прв чекор. И никогаш не можеше да му се блокира ударот, тој имаше техника на шут што потсетуваше на Лери Бирд. Кога зборуваме за најдобрите четири кошаркари во историјата, тој е таму горе со Баркли, Данкан, Гарнет, Мекхејл. Дирк е легенда, икона. Мислам дека најдобар неамерикански кошаркар во историјата, тука е и Ману (Џинобили)“, рече Џејмс.