вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Леброн се врати, се вратија победите

Леброн се врати, се вратија победите

Леброн Џејмс се врати на терените по пауза од пет меча поради повреда па „кралот“ беше причина за триумфот на „езерџиите“ против Њујорк по продолжение од 122-115.

Никси во првото полувреме имаа предност од 21 поен, Лејкерси се вратија во третата четвртина во која Монк постигна 18 од вкупните 29 поени. Во продолжението Лејкерси не дозволија нов кикс.

Леброн постигна 29 поени, исто како и Мок, но даде 13 скока и 10 асистенции, и дојде до 103. трипл-дабл во неговата кариера, 15-ти откако наполни 35 години, со што е убедливо најдобар во лигата. Дејвис имаше импресивен меч со 28 поени, 17 скока, три асистенции и четири блокади.

Феникс Санс продолжува со одличните партии сезонава. Овојпат на менито на „сонцата“ беше Вошингтон кој го совладаа на гостински терен со рутински 80-95. Деандре Ејтон со 20 поени беше најефикасен кај победникот, додека кај поразените Монтрезл Херел заврши со 15.

Во останатите натпревари беа постигнати следите конечни резултати: Орландо – Мемфис 115-135, Шарлот – Мајами 86-104, Портланд – Милвоки 108-137 и Сакраменто – Оклахома 113-103.