петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Лејкерс ја бележат најлошата серија од почетокот на сезоната

Лејкерс ја бележат најлошата серија од почетокот на сезоната

Актуелниот НБА шампион, Лос Анџелес Лејкерс, рано утрово претрпе висок пораз на гостувањето кај Јута џез со резултат 114:89.

Лејкерс ја има најлошата серија во сезоната со четири последователни порази.

Со биланс 22 победи и 11 порази, ЛА лејкерс се на третото место на табелата во Западната конференција.

„Езерата“ периодов играат без повредениот Ентони Дејвис. Нивен следен натпревар е со Портланд в сабота наутро.