Кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс со победа го започнаа големото финале во НБА лигата. Тие рано утрово го совладаа тимот на Мајами со 116:98 (31:28, 34:20, 28:19, 23:31).
Најзаслужни за триумфот на Лејкерс беа Ентони Дејвис со 34 поени и девет скокови и Леброн Џејмс кој стигна до дабл-дабл 25 поени, 13 скока, а му фалеше само една асистенција за трипл-дабл.
Во поразениот тим најдобар играч беше Џими Батлер со 23 поени.
Шампион ќе стане тимот којшто прв ќе стигне до четири победи.