сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Лејкерси се надеваат на враќање на Леброн Џејмс оваа сезона

Лејкерси се надеваат на враќање на Леброн Џејмс оваа сезона

Според главниот тренер на Лос Анџелес лејкерс, Дарвин Хем, клубот смета на враќање на ѕвездата Леброн Џејмс во текот на тековната сезона.

– Очекуваме Џејмс да се врати во тимот во одреден момент од сезоната, изјави Хем во неделата.

Триесет и осумгодишниот Џејмс ја повреди тетивата на десната нога на 26 февруари за време на натпреварот против Далас. Клупските лекари треба в четврток да го прегледаат 4-кратниот МВП.

Лејкерси имаат пет победи и пет порази без Џејмс. Екипата го зазема 11. место во Западната конференција (11 натпревари до крајот на регуларниот дел од сезоната).

Леброн има просек од 29,5 поени, 8,4 скока и 6,9 асистенции по натпревар.