Најдобриот кошаркар во НБА во моментов, Никола Јокиќ, продолжува да плени со обичниот начин на живеење и однесување, поради што летово често влегува во невообичаени ситуација за време на одморот во Србија и околината.
По шоуто што го направи во кафеана, кога танцуваше качен на столица, деновиве хит е видеото од неговото купување пиво во продавничка во БиХ. Центарот на Денвер нагетс побарал да купи освежување во градот Горажде во југоисточниот дел на оваа земја, а продавачката останала шокирана, иако дури и не ни знаеле кој е тој воопшто.
Brat Jokic opusteno kupuje pivkana u Gorazdu. A sto je jos jace prodavacica mu rekla ” Koliko si visok trebao si biti kosarkas ,” pic.twitter.com/BMfgCjdSu3
— Hide Nakaa (@hidenakaaa) July 6, 2023
„Леле синко, колкав си. Ти си само за играње кошарка“, искоментирала продавачката, без да знае дека пред неа стои МВП-кошаркарот на последното финале во НБА.
Јокиќ ништо не искоментирал, само ги земал пивата и со насмевка на лицето излегол од продавницата и го продолжил патот со своите пријатели.