Кошаркарите на Локомотив Кубан беа подобри од ЦСКА Москва по продолженија со 100-98 и се пласираа во полуфинале на ВТБ Суперкупот.
ЦСКА тргна добро и ја доби првата четвртина со 24-18, а на полувреме имаше предност од 45-41, но во вториот дел Локомотив ја презема контролата и го сврте натпреварот во своја корист.
Екипата на Рајковиќ не се откажуваше и во завршницата поведе со 86-84, но Локомотив со последниот напад израмни на 86-86, а потоа во продолженијата беше подобра со вкупни 100-98.