среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Лука Дончиќ на Светското првенство играл повреден

Лука Дончиќ на Светското првенство играл повреден

Лука Дончиќ без сомнение беше најголемата ѕвезда на Светското првенство во кошарка.Словенците настапот на Мундобаскетот го завршија на седмото место.

Лука Дончиќ, најдобриот словенечки играч, откри дека на првенството играл со повреда на бутниот мускул. Повредата ја заработи во подготвителниот натпревар против Грција пред стартот на Светското првенство.

„Не знам што да кажам. Не сум во ред, но во исто време треба да се подготвам за целата сезона во НБА. Ќе играм без оглед на се. Дури и во квалификациите за Олимписките игри. Само да бидам здрав“, изјави Дончиќ.

Играчот на Далас Маверикс, во победата на Словенија над Италија од 89:85 забележа 29 поени, 10 скока и осум асистенци, но имаше и девет загубени топки.