сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Лука Дончиќ си заминува од Далас?

Лука Дончиќ си заминува од Далас?

Тимот на Далас, кој за само една година од финалист на Западот се претвори во франшиза која не е способна ниту да обезбеди плејоф, ги натера поедини експрети да шпекулираат.

Така, по неговите пет години со Далас се мисли на Лука Дончиќ , она што до неодамна изгледаше невозможно сега се нуди како опција.Тоа, според инсајдерот Џон Холингер, поранешен функционер во НБА, а сега новинар на „Атлетик“, е заминување на Дончиќ од клубот.

– Шпионите ми кажуваат дека Јута Џез многу внимателно ја следи ситуацијата на Дончиќ, но не се единствените. Клубовите кружат околу Дончиќ како ајкули. Но, Џез и Оклахома се единствените клубови кои имаат ресурси да тргуваат за Дончиќ. Тие ќе го избуткаат било кој од 27-те други клубови кои би се обиделе да го трејдуваат Дончиќ поради изборот од првиот круг што треба да го понудат во замена, истакнува Холингер.

Дончиќ има уште четири години од неговиот петгодишен договор вреден 215 милиони долари, во кои може да одлучи што ќе прави во последната сезона од договорот, односно во 2026/27.