петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Лука Дончиќ заработи казна за гестот кон судиите на дербито со Голден Стејт (ВИДЕО)

Лука Дончиќ заработи казна за гестот кон судиите на дербито со Голден Стејт (ВИДЕО)

Далас Маверикс го загуби дербито против Голден Стејт Вориорс (125-127) кое се играше во Тексас, дерби на кое Лука Дончиќ и домашниот тим имаа доста реакции на судењето.

Имаше одлуки кои Далас не сакаше да ги прифати, а во самата завршница Дончиќ се „исклучи“ и испорача контроверзен гест дека арбитрите се потплатени, гест за кој веднаш се знаеше дека ќе биде санкциониран.

Стигна реакцијата од НБА и за Словенецот е позитивно тоа што не е казнет со суспензија кога се во прашање натпревари, односно за своето непристојно однесување ќе плати 35,000 американски долари.