четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Лука Дончиќ на мегдан со Реал Мадрид

Лука Дончиќ на мегдан со Реал Мадрид
хK - օͅьЁהӅ / EUROLEAGUE / ԅˉʏӠ(֙ԏÑVɁ: EUROKINISSI)

Сонот на Лука Дончиќ, Марк Кјубан и сите навивачи на Реал, по се изгледа ќе се оствари претстојниот октомври.

Новинарот на Њујорк Тајмс, Марк Стајн тврди дека е договорен дуел меѓу Далас Маверикс и Реал Мадрид во рамките на НБА претсезоната кој ќе се одржи во Обединетите Арапски Емирати. Засега е непознато дали домаќин ќе биде Дубаи или Абу Даби.

Идејата за дуел меѓу Далас и Реал датира уште откако Дончиќ замина во НБА лигата, првите две сезони не се поклопија календарите, а потоа на сцена стапи пандемијата со корона вирусот и не беше можно да организира ваков дуел. Пред неколку месеци и Кјубан изјави дека негов сон е Далас да гостува во Словенија, но дека пореално е да се очекува меч меѓу Маверикс и Реал.

Информацијата за можен ваков дуел доаѓа во период кога Обединетите Арапски Емирати се посериозно притискаат за влез на клуб од оваа држава во Евролигата. Веќе се одржани неколку состаноци на оваа тема, Арапите треба да инвестираат околу 60 милиони евра годишно, но се уште нема точна информација кога би се реализирало тоа.