четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Магдевски се врати во МЗТ Скопје

Магдевски се врати во МЗТ Скопје

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Андреј Магдевски, се врати во редовите на МЗТ Скопје по една година мината во романски Плоешти.

Тој претходно настапуваше за овој тим во периодот помеѓу 2018 и 2021 година, а има играно и за младинските категории на Реал Мадрид, беше дел од кампот на Мајкл Џордан, настапуваше и за Партизан, додека на македонска сцена играше и за Гостивар и за Фени Индустри.

Магдевски е деветтиот кошаркар со кој во моментов располага тренерот Александар Петровиќ, по Дамјан Стојановски, Адем Мекиќ, Бојан Крстевски, Дамјан Робев, Американците Бре Ајви, Мајк Кафи и Еван Максвел, како и српскиот интернационалец Страхиња Миќовиќ. Тука се и талентираните Димитар Иванов, Бојан Величковски и Марко Спасовски.