вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

НБА: Мајами повторно ја врати предноста против Њујорк

НБА: Мајами повторно ја врати предноста против Њујорк

Кошаркарите на Мајами Хит поведоа со 2-1 во полуфиналната серија на Источната конференција во НБА лигата, откако во натпреварот број три на домашен терен славеа над Њујорк Никс со 86-105.

Мајами уште од првата четвртина почна силно и во ниту еден момент не му дозволи на противникот да се понадева дека може да ги загрози.

Џими Батлер кој по еден меч пауза се врати во тимот на Хит и го заврши натпреварот со 28 поени, додека кај поразените Џејлен Брансон уфрли 20 поени.