четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Мајкл Џордан одби 100 милиони долари

Мајкл Џордан одби 100 милиони долари

Легендарниот кошаркар Мајкл Џордан имаше неверојатно богата кариера, но тој своето вистинско богатство го стекна по крајот на истата.

Договорот со Најк, како и креирање на „џорданките“ неговото богатство се проценува на над 1.5 милијарди долари. Неговиот агент, Дејвид Фалк откри дел од понудите кои што ги имал Џордан во минатото.

„Една жена од Азија му понуди седум милиони долари само за да игра голф против Мајкл, но тој не сакаше бидејќи ќе пропуштеше претсезонска утакмица на Шарлот. Но пред три години на маса му ставив договор вреден 100 милиони долари. Брендот за соработката бараше само Џордан да се појави на двочасовен настан, но Мајкл и тоа го одби“ изјави Фалк.