Израелскиот гигант Макаби Тел Авив се засили со Џејлен Адамс кој од редовите на Хапоел Ерусалим се сели во „гордоста на Израел“.
Играчот кој во минатото настапуваше и за Ери Бејхокс и Шампањ Шалонс Ремс, а сега 26-годишникот ќе заигра за Макаби.
Договорени се личните услови меѓу двете страни, па останува само официјализација на трансферот. Минатата сезона Адамс во Хапоел одигра девет натпревари, запиша просек од 17,8 поени, 4,6 скока, 2,9 асиснтенции и 1,3 украдени топки.