понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Македонија домаќин на шампионатот на најдобрите европски средношколци

Македонија домаќин на шампионатот на најдобрите европски средношколци

Кошаркарската Федерација на Македонија и нашиот главен град ќе биде домаќин на уште еден голем настан во почетокот на летниот период од оваа календарска 2023 година.

Во периодот од 5 јуни до 11 јуни, во Скопје ќе се одржи Европско кошаркарско првенство за кошаркари од средни училишта.

Нашиот главен град ќе биде домаќин на нешто помалку од илјада кошаркари од средните училишта во Европа кои ќе се надигруваат за престижниот трофеј што ќе го додели претседателот на Европската федерација за училишен спорт, Жељко Танасковиќ.

Поранешниот српски одбојкар и претседателот на КФСМ, Перо Антиќ ја потврдија соработката по низа работни состаноци одржани викендот што измина.