Јуниорската репрезентација на Македонија денеска го совлада Азербејџан со 65:50 на Европското првенство за кошаркари до 18 години, Б дивизија, што се одржува во Скопје.
Македонските кошаркари со вчерашниот убедлив триумф против Данска успеаја да остварат две победи во низа и ќе играат за пласман на 17-та позиција на првенството.
Избраниците на селекторот Панче Милевски уште од стартот на натпреварот воспоставија контрола над теренот и имаа резултатска предност, која рутински ја одржуваа до крајот.
Лука Стојановски со 18 поени и пет скока беше најефикасен во македонската репрезентација, а Валмир Какруки реализираше 17 поени.
Македонија за 17-то место на првенството утре ќе се соочи со победникот од натпреварот меѓу Луксембург и Швајцарија.