сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Пад од шест места на македонските кошаркари на ФИБА рангирањето

Пад од шест места на македонските кошаркари на ФИБА рангирањето

Македонската машка кошаркарска репрезентација се спушти шест места на најновата ранг-листа која денеска ја објави Светската кошаркарска федерација (ФИБА).

Со 187.4 поени, македонските кошаркари на најновиот ФИБА ранкинг се на 59. место во светски и на 30 место во европски рамки.

Ранг-листата која ФИБА ја објави пет денови по завршувањето на Светското првенство ја предводи американската репрезентација, иако остана без мундијалски медал и се пласираше на четвртото место со три порази.

Шпанија се симна на второто место, додека новиот светски првак Германија скокна осум позиции и прв пат во историјата е меѓу Топ 3 на ФИБА ранг-листата. (МИА)