среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Пет кандидати во игра за најдобар млад играч на Светското првенство

Пет кандидати во игра за најдобар млад играч на Светското првенство

Светската кошаркарска федерација (ФИБА) ги објави имињата на сите млади играчи кои ќе бидат во конкуренција за наградата која му припаѓа на најдобриот млад играч, а тука се најде и српскиот репрезентативец, Никола Јовиќ.

Нему друштво му прават уште Џош Гиди од Австралија, Американецот Паоло Банкеро, Усман Гаруба и Хуан Нуњез од Шпанија, како и Жан Монтеро од Доминиканската Република.

Сите овие играчи прикажаа одлични партии за своите репрезентации и оваа „трка“ ќе биде навистина интересна. Се претпоставува дека наградата ќе замине кај играчот кој ќе има најдолг престој на турнирот, а според најавената листа, најголеми шанси за ова признание има Србинот Никола Јовиќ, кој досега забележа просек од 11,2 поени, 2,6 скока и 3,4 асистенции по натпревар.

Најдобриот млад кошаркар на Светското првенство ќе биде прогласен веднаш по завршувањето на финалниот натпревар, кој е закажан за 10 септември, со почеток во 14:40 часот по македонско време.