сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

ФИБА ги откажа натпреварите на израелските клубови

ФИБА ги откажа натпреварите на израелските клубови

ФИБА одлучи да ги откаже натпреварите на израелските тимови во сите натпреварувања под нејзина капа. По ракетниот напад во Израел, сите спортски настани беа откажани со одлука на Министерството за спорт, а како што ситуацијата во земјата станува уште посложена, одлуките на меѓународните натпреварувања беа исти.

Бнеи Херзли, Ирони Нес Зиона и Хапоел Елион нема да ги одиграат натпреварите во машкиот Европски куп, додека женските тимови Рамат Хашарон и Елизур Рамла нема да играат во европскиот куп.

„Со оглед на актуелните настани во Израел и следејќи ги препораките на безбедносните служби, канцеларијата на ФИБА Европа одлучи да ги откаже сите натпревари на израелските тимови во сите натпреварувања под наше покровителство до понатамошно известување“, се вели во соопштението.