петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Шеиците ја презедоа и ФИБА: Ал Тани е нов претседател на Меѓународната кошаркарска федерација

Шеиците ја презедоа и ФИБА: Ал Тани е нов претседател на Меѓународната кошаркарска федерација

Шеикот Али Ал Тани е избран за нов претседател на Меѓународната кошаркарска федерација, на Конгресот на ФИБА кој се одржа во Манила.

Ал Тани едногласно беше избран за нов претседател на ФИБА кој се одржа пред стартот на Светското првенство кое започнува за два дена. Шеикот доаѓа на место на Аман Нианг, со претседателски мандат од четири години.

Шеикот Ал Тани од 2019 година е потпретседател на ФИБА, а исто така е претседател и на ФИБА Азија уште од 2022 година. Во минатото бил и претседател на Кошаркарскиот сојуз на Катар.

„Голема е честа и одговорноста, како за мене, така и за мојата земја Катар и цела Азија. Кошарката е глобален спорт, и може да кажам дека напорно и вредно ќе работам заедно со останатите во раководството за негов дополнителен развој“ – истакна Ал Тани по изборот на челната позиција.