четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Македонија остана без селектор во кошарка, Бајиќ и КФСМ ја прекинаа соработката

Македонија остана без селектор во кошарка, Бајиќ и КФСМ ја прекинаа соработката

Кошаркарската Федерација и Драган Бајиќ, взаемно се спогодија да ја прекинат соработката околу негов понатамошен ангажман во машката сениорска репрезентација на Македонија.

-Од оправдани причини, односно здравствени проблеми со кои се соочува во изминатиот временски период, Драган Бајиќ повеќе не е во можност максимално посветено да одговори на обврските кои со себе ги носи работењето во сениорскиот национален тим. Земајќи ја предвид потребата машката „А“ селекција да има стратег кој секојдневно ќе биде посветен и во тек со сите збиднувања поврзани со репрезентацијата, како и оддалеченоста и професионалните клубски обврски на досегашниот селектор, обете страни пријателски и фер се сложија околу прекинувањето на соработката, информираат од Федерацијата.

Од КФСМму се заблагодаруваат на Драган Бајиќ, како и на неговите соработници, Адмир Прасовиќ и Александар Кукриќ за досегашното работењe.