Македонската јуниорска кошаркарска репрезентација синоќа ја победи Грузија со 69:66. Ова беше втор натпревар и прв триумф за „црвено-жолтите“ на ФИБА Челенџер турнирот во Скопје.
Најефикасни во победничкиот тим беа Митревски и Наков со по 19 поени.
Вечер од 21 часот македонските кошаркари се среќаваат со фаворитот Шпанија.