среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Македонските кошаркари претпоследни на Челенџерот во Скопје

Македонските кошаркари претпоследни на Челенџерот во Скопје

Македонската кошаркарска репрезентација до 18 години со четири порази и само една победа, на претпоследното, 5. место го заврши ФИБА Челенџер турнирот во Скопје.

„Црвено-жолтите“ синоќа во последното коло загубија од Германија со 97:79.

За најкорисен играч (МВП) на турнирот во СРЦ „Кале“ е прогласен кошаркарот на Шпанија, Жорди Стегермајер Родригез.

Шпанската селекција со максимални пет победи заврши на првата позиција, пред Србија која имаше биланс 4-1 и Германија со ефект 3-2 (победи-порази).