петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Македонските кошаркари со победа го отворија ФИБА купот

Македонските кошаркари со победа го отворија ФИБА купот

Македонската машка кошаркарска репрезентација до 20 години го совлада попладнево Луксембург со 73:57 (37:35) во премиерниот натпревар на ФИБА „Челенџер“ купот во унгарскиот град Шопрон.

„Црвено – жолтите“ влегоа во натпреварот како фаворити, но првото полувреме донесе резултатска изедначеност на теренот, пред сè поради очајниот шут од далечина и реализираните само два од вкупно 17 обиди за три поени

Македонските кошаркари го скршија отпорот на противникот дури во последната четвртина во која со неколку тројки поведоа со двоцифрена предност и на крајот се радуваа на убедлива победа.

Противник на македонската репрезентација утре во рамки на второто коло е Романија со почеток од 16:30 часот.  (МИА)