четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Марјан Младеновиќ потпиша за КК Пелистер

Марјан Младеновиќ потпиша за КК Пелистер

Кошаркарскиот клуб Пелистер го направи првиот трансфер и го ангажираше досегашниот плејмејкер на Работнички, Марјан Младеновиќ.

Изминатата сезона на 22 средби домашната Прва лига просечно реализираше 4,9 поени со 3,5 скока и четири асистенции, додека во АБА2-лигата на 10 натпревари имаше просек од 3,1 поен, 1,4 скока и 2,1 асистенции за нешто повеќе од 12 минути на теренот.

Младеновиќ е првиот сигурен кошаркар во ростерот на Пелистер за следната сезона, каде што се очекува да биде продолжена соработката со српскиот центар Игор Кесар, како и со уште неколку играчи од тимот што настапуваше изминатиов период..