Српскиот центар во редовите на Денвер, Никола Јокиќ, втора година по ред ќе ја освои наградата за најкорисен играч (МВП) во НБА лигата.
Информацијата денеска на својот Твитер профил ја објави инсајдерот на НБА, Адријан Војнаровски, кој наведе дека одлуката официјално ќе биде објавена до крајот на оваа недела.
Јокиќ (27) сезонава има просек од 27. 1 поени, 13.8 скокови и 7.9 асистенции по натпревар.
Српскиот центар ќе биде шестиот кошаркар во 21. век кој два пати едноподруго ја освојува МВП наградата во НБА лигата, по Јанис Антетокумпо, Стеф Кари, Леброн Џејмс (два пати по две низи), Стив Неш и Тим Данкан. (МИА)