Екипата на Црвена Звезда ја загуби финалната серија од АБА-лигата од најголемиот ривал, Партизан, но белградските „црвено-бели“ веќе ги започнуваат плановите за следната сезона.
Од медиумите во Србија стигнуваат информации дека легендарниот плејмејкер Милош Теодосиќ е пред потпис со овој тим и ќе добие двегодишен договор со гигантот.
Теодосиќ веќе неколку пати сезонава изјавуваше дека нема намера да се пензионира, иако има полни 36 години, а неговата етапа во тимот на Болоња се чини дека полека завршува.
Оваа ситуација најверојатно ќе ја искористи Црвена Звезда која се обидува да го донесе одличниот плејмејкер во своите редови.