Победата на Партизан над Виртус Болоња во 27. коло од Евролигата го остави во сенка учинокот кој го достигна српскиот репрезентативец Милош Теодосиќ.
Легендарниот српски кошаркар оствари нов дабл-дабл учинок, овој пат од 11 поени и 12 асистенсии со кој во еден натпревар успеа да ги престигне Димитрис Дијамантидис и Василис Спанулис на вечната листа по бројот на асистенции и постигнати обиди за три поени.
Милош Теодосиќ сега е седмиот најдобар асистент во историјата на Евролигата со 1256 асистенции и петтиот најдобар „тројкаш“ со 519 постигнати обиди зад линијата 6,75