НБА тимот на Милвоки Бакс патува во следната фаза од плеј-офот во НБА-лигата откако славеше над Мајами Хит со 120-130 и со максимални 4-0 во серијата кој минатата година играше во големото финале.
Пред една година, Мајами го исфрли колективот на Јанис Адетокумбо од разигрувањето за титула, кога член на „жешките“ беше Џими Батлер.
Лидер кај стрелците беше Лопез со 25 поени, пред Форбс со 22 поени, а првата ѕвезда на Милвоки, Јанис Адетокумбо имаше „трипл-дабл“ од 20 поени, 15 асистенции и 12 скока. Кај Мајами, Бам Адебајо беше прво име со „дабл-дабл“ од 20 поени и 14 скока.