Милвоки Bакс е противникот на Феникс санс во големото НБА финале, кое ќе започне на 7 јули во 3 часот наутро по средно европско време.
Бакси ноќеска се израдуваа на трофејот наменет за најдобрата екипа на Истокот, откако со 118:107 на гости триумфираа против Атланта и со вкупни 4:2 во победи стигнаа до финалето.
Тоа како да ги налути гостите, кои иако играа без првата ѕвезда Јанис Адетокумбо, покажаа шампионска игра. со серија од 13:0, прво стигнаа до 60:45, а пред крајот на третиот квартал имаа и највисоки 89:70. Тогаш беше јасно дека Милвоки ќе победи и ќе игра во големото финале, кое го чека речиси половина век.
Одново блесна Крис Мидлтон кој заврши со 32 поени, а одличен беше и Џру Холидеј со 27 поени и девет асистенции.За домашната екипа се врати Трае Јанг, но ниту тоа не помогна да се избори „мајсторка“. Клучен период за поразот на Атланта беше очајната одбрана во третата четвртина, кога дозволи да прими дури 44 поени.