Францускиот прволигаш Монако во престојнава сезона ќе игра во Евролигата, па за таа цел клубот се одлучи да направи сосема нов тим, тим со кој ќе може да се престави во најдобро светло во Европа, но и воедно да може да ги нападне титулите во домашните натпреварувања.
Монако дојде до 13 засилување ова лето и истото е најголема, вистинска „бомба“ ако се земе предвид дека минатата кампања ја заврши играјќи во Бруклин Нетс заедно со Кевин Дурент, Џејмс Харден, Кајри Ирвинг и компанија.
Се работи за плејмејкерот Мајк Џејмс кој важи за одличне стрелец и дефинитивно ќе донесе квалитет во таборот на тимот предводен од Митровиќ.
На Американецот добро му е позната европската кошарка затоа што има играно низ различни клубови на стариот континент, последна беше ЦСКА Москва каде бележеше во просек по 19.3 поени по натпревар пред да „пукне тиквата“ и се врати во татковината.