Кошаркарот Никола Миротиќ е пред разделба со Барселона и по се изгледа ќе се пресели во Италија.
Еден од најдобрите кошаркари во Шпанија и Евролигата воопшто наводно има договор за личните услови со Олимпија Милано и италијанските медиуми се убедени дека е прашање на време кога трансферот ќе биде официјализиран.
Миротиќ има уште две години од договорот со Барселона, но се чини дека решил да прифати нов предизвик, а шпанскиот клуб не би требало да му прави проблеми да ја исполни желбата.
Пред Миротиќ и Барса е битката за титулата во шпанското првенство, односно финалето на плејофот со вечниот ривал Реал Мадрид, кој беше поуспешен во меѓусебниот дуел на евролигашкиот фајнал-фор турнир, а подоцна стана и европски првак.
Поранешниот шпански репрезентативец со црногорско потекло настапува за Барса од 2019 година, а во Каталонија пристигна како повратник од НБА лигата.