Кошаркарот на Барселона, Никола Миротиќ е прогласен за најкорисен играч на Евролигата во декември.
Минатиот месец 30-годишниот Црногорец со шпански пасош, оствари просек од 21 поен, 6,5 скока и 2,2 асистенции.
Барселона води во досегашниот дел од сезоната во елитното кошаркарско натпреварување со 15 победи и три порази.