недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Миротиќ се повреди, го пропушта стартот на сезоната

Миротиќ се повреди, го пропушта стартот на сезоната

Кошаркарот Никола Миротиќ се уште се опоравува од повредата на Ахиловата тетива на левата нога, а неговиот клуб Барселона потврди дека тој ќе го пропушти стартот на сезоната во Евролигата и шпанската Ендеса лига.

Лекарскиот тим на Барселона во официјалното соопштение наведува дека будно го следи опоравувањето на 31. годишниот кошаркар и дека се надеваат дека тој бргу ќе се врати на кошаркарскиот терен.

Миротиќ е МВП на Евролигата за претходната сезона, во Барселона настапува од 2019 година. Минатата сезона во елитното европско натпреварување имаше просек од 19,5 поени и 6,9 скока.

Освен за Барселона, во професионалната кариера настапуваше и за Реал Мадрид, Чикаго Булс, Њу Орлеанс Пеликанс и Милвоки Бакс.