Со историски деветти трипл-дабл учинок во плејофот сезонава, Никола Јокиќ ги водеше Нагетси до триумф во првиот меч од големото финале на НБА 104:93 против Мајами. Денвер има силна победничка низа во плејофот со неверојатни 9/9 победи.
Двократниот МВП на НБА го заврши мечот со Мајами Хит со 27 поени, 10 скока и 14 асистенции. Го следеа Џамал Мареј со одличен учинок од 26 поени, Гордон со 16, Портер со 14 поени и 13 скока а Браун 10 поени.
Кај гостите од Мајами кои и вториот меч ќе го играат во арената на Денвер, Бам Адебајо уфрли 26 поени со 13 скока и пет асистенции, а Џими Батлер имаше слаба шутерска вечер со само 13 поени.