После долги години литвански Жалгирис успеа да се пласира на Ф-4 од Евролигата, овој момент беше емотивен за сите фанови, но посебно емотивен за една од најголемите легенди на европската кошарка.
Жалгирис со 101:91 победи денеска против Олимпијакос и со конечни 2:1 успеа да се врати во кремот на европската кошарка.
Шарунас Јасикевичиус, еден од најлегендарните кошаркари во историјата, а денес тренер на Жалгирис, овој момент го виде доста емотивно и не можеше да ги сопре солзите.
Погледнете го ова видео, кое уште еднаш докажува дека спортот е многу повеќе само од игра.